Др. Марија Караниколова посебно внимание посветува на
најмладата популација, т.е децата. Првата посета кај стоматолог понекогаш е
клучен предуслов за понатамошно поверение и соработка помеѓу малиот пациент и
стоматологот. Не постои одговор кога детето првпат да дојде на стоматолог?
Најдобро би било тоа да е спонтано кога детето нема никакви проблеми. Со овој
прв контакт го запознаваме детето со начинот на работа, со апаратурата
анимирајќи го на прав начин се со цел да следниот пат дојде доброволно и
спремно. Првата интервенција секогаш треба да биде безболна и прифатлива за
детето. Најчесто тоа е машинско отстранување на дентален плак со абразивни
пасти во интересни бои и овошни мириси. Втора безболна постапка е залевање
фисури со различни бои. Се залеваат фисурите на млечните и сталните заби. Со
залевањето на фисури се заштитува површината на забите на кој најчесто се
формира кариозна лезија.
Децата се идеални пациенти кога се стекнува потполно
поверение помеѓу детето и стоматологот, па така тие се спремни и за некои
покомплицирани интервенции како што се вадење млечни заби, пломбирање па и
лекување на заби.